Свет САД-ИРАН

Виткоф: Разговорите меѓу САД и Иран се ветувачки

-Веќе сме во преговори, не само директно, туку и преку посредници. Мислам дека разговорите се ветувачки. Се надеваме дека ќе постигнеме долгорочен мировен договор што ќе го оживее Иран, рече Виткоф во интервју за Фокс њуз.

Виткоф: Разговорите меѓу САД и Иран се ветувачки

Престаникот на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот Исток, Стив Виткоф, синоќа изјави дека разговорите меѓу САД и Иран се „ветувачки“ и дека Вашингтон се надева на долгорочен мировен договор, објавија британските медиуми.

-Веќе сме во преговори, не само директно, туку и преку посредници. Мислам дека разговорите се ветувачки. Се надеваме дека ќе постигнеме долгорочен мировен договор што ќе го оживее Иран, рече Виткоф во интервју за Фокс њуз.

„Сега е наш ред да седнеме на маса со Иранците и да постигнеме сеопфатен мировен договор, и сум многу уверен дека ќе го постигнеме тоа“, додаде тој.

Иран и САД од април водат индиректни разговори со цел да се најде ново дипломатско решение за иранската нуклеарна програма, потсетуваат британските медиуми.

Техеран инсистира на тоа дека неговата нуклеарна програма има мирнодопски цели, додека Вашингтон вели дека сака да се осигури дека Иран не може да произведе нуклеарно оружје.

To top