Македонија ФЗОМ

Советувањето со странските експерти за Кочани продолжува

Денеска во ФЗОМ директорот Сашо Клековски се сретрна со Шпела Керин, протетичарка од Кршко, Словенија. Таа е водечки стручњак протетичар во регионот за протези за раце и за лице (епитези), со над 25 годишно искуство.

Советувањето со странските експерти за Кочани продолжува

Денеска во ФЗОМ директорот Сашо Клековски се сретрна со Шпела Керин, протетичарка од Кршко, Словенија. Таа е водечки стручњак протетичар во регионот за протези за раце и за лице (епитези), со над 25 годишно искуство. Таа ќе има работни посети на Скопје и Кочани за за да ја процени состојбата на повредените од трагедијата во Кочани. Инаку во Македонија веќе има петмина корисници на нејзините протези.

Разговарано е за потребите на повредените и кои се можностите. Овие естетско-функционални протези се наменети за специфични потреби, се прават скроено по мерки откако ќе заврши процесот на заздравување на кожата. На средбата било разгиварано и за финансирање од страна на Фондот, за што постојат искуства од Словенија и Хрватска.

Претходно фондот бил во комуникација со амбасадорката Симона Франкел, здравствените власти, како и докторите кои ги водеа тимовите од Израел за помош на повредените од Кочани, д-р Шахар Шапира од Шиба медицински центар и д-р Омер Марин, директор на „Шер Зедек“ во Ерусалим, испратена е пораки за мир и безбедност. Тимовите од Израел што помогнаа по трагедијата во Кочани се безбедни, но моментално се ангажирани во третман на повредените од ракетните напади.

Тие упатуваат топли поздрави до повредените во Кочани и се посветени дека ќе дојдат да помогнат веднаш штом состојбата се стабилизира. Нивната помош за Кочани никогаш нема да ја заборавиме!

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Продолжуваме со соработката со експерти за да обезбедиме најдобра здравствена заштита за повредените!-изјави директорот Сашо Клековски.

Најнови вести од Македонија

To top