Вчера напладне во СВР Охрид било пријавено дека на кружен тек од кеј „Македонија“ и плоштадот „Св.Климент Охридски“ во Охрид, Г.Љ.(35) од Охрид, управувајќи мотоцикл „јамаха“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и со мотоциклот паднал на патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид, соопшти МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.