Македонија грижа за настрадатите

Клековски: Потребите за здравствена заштита на повредените од Кочани ќе бидат на терет на ФЗО со поддршка од државата

Нашата посвастеност на повредените останува непроменета, како првите часови, како првите денови, аа е силна и синна ќе остане во иднина, рече Клековски.

Клековски: Потребите за здравствена заштита на повредените од Кочани ќе бидат на терет на ФЗО со поддршка од државата

Директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски одржи прес-конференција во Медија центарот на Владата.

Оваа прес-конференција е посветена на повредените од пожарот во дискотеката во Кочани и по повод прашањата што пристигаат на телефонската линија отворена од Владата за таа намена.

Слични прашања стигнаа до мене и до министерот за здравство при посетата на Кочаним а се однесуваат на создадена неизвестост што ќе се случува понатаму, истакана директорот Клековски.

Сакам да потврдам дека нашата посвастеност на повредените останува непроменета, како првите часови, како првите денови. Таа е силна и синна ќе остане во иднина. Сите потреби, здравствени потреби, потеби за здравствена заштита на повредените од Кочани во трагедијата ќе бидат на терет и на сметка, а подржани од државата, односно од фондот за здравствено осигурување. И ова ќе се однесува на долги стази, потенцира Клековски.

Од третман на изгореници на белодробје, адуктивни повреди, физикална терапија, нега, психо-социјална се ова ќе биде обезбедено од државата на долги стази. Во мометков ние се реструктуиравме сите овие услуги да бидат достапни во општата болница во Кочани. Почетен план беше овие услуги да се даваат во трите болници во Скопје, но по барање на повредените првин физикалната терапија се пренесе во Кочани, од пред два дена има интервенции на терапијата плазма збогатена со тромбоцити коплетно ќе се одвива Кочани, и пулмолошките прегледи, спирометрија и гасните анализи ќе се одвива во општата болница во Кочани, потенцира Клековски.

Централна точка за грижа за повредените станува општата болница во Кочани, директорката Катерина Милчовска и конзилијарниот тим од седум члена предводен од Гордана Ѓоргиева.

Најнови вести од Македонија

To top