Македонија резултати на бегање од часови по историја

Како лидерот на СДС Врховистичка заплива во темни и непознати историски води?

Меѓу другото, „тврдокорните“ СДС и Венко велат дека „ Историското ВМРО преку НОБ и АСНОМ е код на секој Македонец…“, бедно дрзнувајќи се да го спомнуваат АСНОМ откако го избришаа од преамбулата на Уставот за да им угодат на Бугарите, беа подготвени да бришат „фашистички окупатор“ од спомениците и Заев прв го стори тоа со споменикот на Благој Јанков Мучето, му целиваа нозе на одродот Пендиков, коленичеа јавно пред Радев, Бојко, Петков, Јотова и останатите и се спремаа да му закачат на Цар Самоил плочка дека бил бугарски цар.

Како лидерот на СДС Врховистичка заплива во темни и непознати историски води?

Топлото време си го прави своето. Време кога вниманието опаѓа, паѓа и концентрацијата, па лесно се прават грешки и се тресат глупости. Очебијно многу влијае и врз СДС и нивниот водач Венко Филипче кој опасно и дилетантски заплива во темни и за него многу непознати историски води.  Зошто? Затоа што партијата која со две раце го прифати Францускиот/УЛТРАБУГАРСКИ предлог со кој јасно се редифинира македонската историја преку улогата на т.н. Комисија за историја, партија чиј претседател од нивни редови Стево му изразуваше љубов на Бојко, а Заев тврдеше дека сме ти биле еден народ со Бугарите, направија која нема проблем да ги внесе безусловно Бугарите во македонскиот Устав, сега ВМРО-ДПМНЕ ни помалку ни повеќе ја нарекува врховистичка?

Очебијно непознавање на терминот, кој гарант им звучи интересно, арно ама, 102%  им прилега и им личи токму ним. На екипата која го промени Уставното и вековно име на Македонија (без да го почитува гласот на народот), која донесе неаргументирана двојазичност (на која се противеше Венецијанската комисија), која скрои проалбанска територијална поделба на државата, партија која го смени исконското знаме во 90-те, претходно донесе привремено БЈРМ име кое траеше 24 години за да го смени со она со север, ја продаде придавката МАКЕДОНСКА на Грција која сега го има екслузивитетот врз неа, сега, замислете, стана патриотска партија?

Проблемот е што СДС Врховистичка (пробугарска и антимакедонска) се меша во води и поле кое очигледно не го разбира и нема поим од разликата меѓу врховизам и МАКЕДОНИЗАМ. Првото, според дејствувањата, им прилега на СДСМ и врхушката, второто на ВМРО-ДПМНЕ и актуелното раководство, сакале од Бихаќка да признаат или не. Поверојанто, второто.

Венко, оној со продадениот подарен џип од 130.000 евра (подарок над 50 евра за функционер е незаконски), со златната виза за Дубаи (потребни 550.000 евра инвестиција за да ја добиете), во чие министерување се случија наморбидните афери во македонската историја со Модуларната болница, Онкологија и Кинеските вакцини, денеска стана инстант патриот и вели:

Да се биде авторитарен значи да се биде врховист, а никако патриот. Врховизмот во начинот на владеење на Мицкоски е најголемото предавство кое може еден Македонец да го направи“, напиша меѓудругото Филипче, кој со станувањето новопечен патриот (чин кој му стои како пижами на слон) го руга јавно и сопствениот ментор Зоран Заев, кој јавно и најискрено си призна дека патриотизмот не им прилега. Пустиот Венко, за ова сигурно ќе биде казнет од Црпко, се шегуваат по социјалните мрежи, па гарант нема да го однесе на следната журка со Харис Џиновиќ во Дубаи.

На „екипата“ од Бихаќка, која очебијно бегала од часови исто како лидерот во сенка Заев, не е на одмет да им се објасни што е тоа врховизам. Терминот врховизам и врховисти се употребува за приврзаници на официјалната бугарска политика во однос на Македонија и македонското прашање. Најкусо, за да можат да прочитаат.

Затоа, не бадијала на социјалните мрежи се коментираше ступидната и неписмена СДС „логика“ врз која се изведени вакви дунстерски обвинувања, во исто време кога Владата на Христијан Мицкоски јасно и јавно низ целиот бел свет укажува на штетноста од билатерализација на интегративниот процес, идентитетски условувања, историски ревизионизам и очебијно негирање на македонскиот идентиотет и јазик. Најсилната потврда за ова доаѓа од самата Бугарија, чии функционери и аналитичари „вината“ за неприфаќањето на Францускиот предлог ја насочуваат кон кого друг ако не кон Христијан Мицкоски.

Меѓу другото, „тврдокорните“ СДС и Венко (кој пред два дена ја кодошеше Македонија на гости кај Ципрас во Атина) велат дека „ Историското ВМРО преку НОБ и АСНОМ е код на секој Македонец…“, бедно дрзнувајќи се да го спомнат АСНОМ откако лично и персонално го избришаа од преамбулата на Уставот за да им угодат на Бугарите, па беа подготвени да бришат „фашистички окупатор“ од спомениците и Заев прв го стори тоа со споменикот на Благој Јанков Мучето, му целиваа нозе на одродот Пендиков, коленичеа јавно пред Радев, Бојко, Петков, Јотова и останатите и се спремаа да му закачат на Цар Самоил плочка дека бил бугарски цар.

Никако да сфатат дека си пукаат во нога и Фројдовски си се каљаат самите себеси, имајќи предвид дека на современата македонска полтичка сцена, тие се ВРХОВИСТИЧКАТА СТРУЈА кај македонските партии. Не сфатија дека поради тоа итаат кон инстант-пасокизација и дека поради мега-бугарофилијата имаа резултати какви што имаа на 8.мај 2024-та и ќе имаат ултра-полоши во октомври 2025-та…

Најнови вести од Македонија

To top