Македонија Италија

Муцунски на конференција во Таормина по повод 70-годишнината од Конференцијата во Месина

На настанот учествуваат министри за надворешни работи од земјите членки на Европската унија, како и од земјите кандидати и потенцијални кандидати за членство.

Муцунски на конференција во Таормина по повод 70-годишнината од Конференцијата во Месина

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес и утре престојува во Таормина, Италија, каде, на покана на италијанскиот министер за надворешни работи, Антонио Тајани, учествува на министерска конференција по повод 70-годишнината од Конференцијата во Месина (1955).

На настанот учествуваат министри за надворешни работи од земјите членки на Европската унија, како и од земјите кандидати и потенцијални кандидати за членство. Темата на конференцијата е иднината на Европската унија и европската интеграција во контекст на актуелните геополитички предизвици.

Министерот Муцунски ќе се обрати на конференцијата, при што ќе ја реафирмира посветеноста на Република Македонија кон полноправно членство во Европската унија, како и важноста од европско единство и одлучност во процесот на проширување.

Најнови вести од Македонија

To top