Израелски неименуван функционер за „Тајмс оф Израел“ (Times of Israel) изјави дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва телефонски разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп, кој претходно имаше средба со Националниот совет за безбедност.
Телефонскиот разговор помеѓу двајцата лидери ги подгрева шпекулациите за евентуално вмешување на САД во конфликтот помеѓу Израел и Иран.
Нетанјаху вчера изјави дека со Трамп разговара речиси секој ден од 13 јуни кога Израел го нападна Иран.