Свет

Сибиха: Рускиот напад врз Киев за време на Самитот на Г7 покажува непочитување кон САД

Смртоносниот руски воздушен напад врз Киев за време на самитот на Г7 (Г7) на во Канада е сигнал за непочитување кон САД и другите партнери кои повикаа на крај на војната, изјави денеска украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха.

„Целта на (рускиот претседател) Владимир Путин е многу едноставна: да ги прикаже лидерите на Г7 како слаби. Само решителни чекори и вистински притисок врз Москва можат да докажат дека тој греши“, напиша Сибиха во „Икс.“

„Редовно добивам извештаи од министерот за внатрешни работи (Игор) Клименко и нашите воени команданти за последиците од масовниот руски напад. Беа употребени повеќе од 440 беспилотни летала и 32 ракети. Киев се соочи со еден од најшокантните напади. Исто така, во текот на ноќта беа нападнати регионите Одеса, Запорожје, Чернигов, Житомир, Кировоград, Николаев и Киев. Во контакт сме со сите партнери на сите можни нивоа за да обезбедиме соодветен одговор. Терористите треба да ја почувствуваат болката, а не невините цивили“, напиша украинскиот претседател Володимир Зеленски на Телеграм, цитиран од Укринформ.

To top