Управата на Атлетико Мадрид сака што побрзо да го реши статусот на Жоао Феликс кој сезонава игра како позајмен играч во Барселона и му постави ултиматум на каталонскиот тим.
Новинарот Матео Морето објави дека управата на Атлетико им порачала на колегите во Барселона дека нема да дозволи Феликс да остане уште една сезона на позајмица доколку не биде вметната клаузула за задолжителен откуп.
Наводно, Атлетико ќе се согласи Португалецот да остане во Барселона и следната сезона за 15 милиони евра и задолжителен откуп во 2025 година.
Проблем за Барселона е тоа што има проблеми со финансискиот фер-плеј и не може идното лето да го откупи договорот на Феликс кој и самиот изрази желба да остане на „Камп Ноу“.