Свет воена парада

ВИДЕО: Воена парада во САД: „Секоја земја ги слави своите победи, време е и САД да почне да го прави тоа“

Американската војска одржа воена парада на улиците на Вашингтон по повод 250-годишнината од основањето на американската војска. На парадата присуствуваше и актуелниот американски претседател Доналд Трамп, кој денес полни 79 години и со години се залага за ваков спектакл.

На церемонијата учествуваа повеќе од 6.000 воени лица, 150 воени возила и 50 авиони. Покрај тоа, планирани се и воздушна претстава, коњаничка парада и последен скок со падобран со американското знаме пред Трамп.

Американскиот претседател Доналд Трамп, во говор за време на воената парада во Вашингтон по повод 250-годишнината од основањето на американската војска, ја одбрани својата одлука за организирање на настанот, истакнувајќи дека парадата е прослава на војската, и покрај критиките дека станува збор за личен спектакл поврзан со неговиот 79-ти роденден.

– Секоја друга земја ги слави своите победи. Време е и САД да почне да го прави тоа, рече Трамп.

Тој ја опиша американската војска како „најстариот огранок на најголемата борбена сила што човештвото некогаш ја познавало“ и испрати предупредување до глобалните противници:

„Американските непријатели постојано учат – ако го загрозите американскиот народ, нашите војници доаѓаат по вас. Вашиот пораз ќе биде сигурен. Вашиот крај конечен. Вашиот пад целосен и потполн“.

Нашите војници никогаш не отстапуваат, никогаш не се предаваат и никогаш не попуштаат. Тие се борат, борат, борат – и победуваат, победуваат, победуваат, додаде американскиот претседател.

Тој изрази благодарност до припадниците на вооружените сили и ветераните. – Благодарение на нивната извонредна служба и посветеност, 250 години – Америка стои исправено, Америка стои гордо и Америка стои слободно, истакна Трамп.

Парадата, во која учествуваа над 6.000 војници, 150 воени возила и 50 авиони, вклучуваше воздушен спектакл, коњичка единица и завршен падобрански скок со американското знаме пред Трамп.

To top