Скопје УМС на ВМРО-ДПМНЕ

Ристески: Елката на Данела како и системот во државата, тажна и бедна

Арсовска да не го мачи Скопје повеќе, а и таа да не се мачи со неко, нека си даде оставка. Што побрзо тоа подобро“ – истакна Ристески.

Ристески: Елката на Данела како и системот во државата, тажна и бедна

Новогодишната елка на Данела е идентична како и системот во државата, тажна и бедна. Елката на Данела пред мене е како и градоначалничката на Скопје поддржувана од СДС, ДУИ и Левица, празна и никаква, вели Љупчо Ристески потпретседател на Градски комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

-Оваа елка позади мене е светско чудо, а за прв пат можеме да се согласиме со Арсовска навистина ниту еден главен град во светот нема ваква елка, но исто така ниту еден главен град нема и ваков градоначалник, а и прашање е зошто воопшто би имал… Веројатно се работи за некаков маркетинг трик. Едната половина да се накити во оваа, а другата во наредната година. Баш менаџерски. Вака изгледа Скопје кога Арсовска кити, а под маса дели поклони со СДС, ДУИ и Левица, рече тој.

„За омилените на Данела еве и поклон. Купче пари за сметководителот Драги, и секако боксерски ракавици за секретарот на градот Глигоров. Арсовска да не го мачи Скопје повеќе, а и таа да не се мачи со неко, нека си даде оставка. Што побрзо тоа подобро“ – истакна Ристески.

To top