Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје (БППЗ) информира дека денеска од околу 12:00 часот во кругот на поранешната депонија Вардариште на поголема неутврдена површина гаснат запалена сува трева и отпаден материјал.
Во моментов во гаснењето учествуваат седум противпожарни возила и најмалку 20-тина пожарникари.
Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), поради опасноста од зафаќање на трафостаница и електрични водови, превентивно струјата е исклучена и поради тоа поголемиот дел од Општината Аеродром е без електрична енергија.