Свет

ФОТО: Објавена прва фотографија од напаѓачот во Грац

Се појавија првите фотографии од напаѓачот од Грац кој изврши ужасно злосторство кое ја потресе Австрија и поширокиот регион. Напаѓачот е идентификуван како Артур А., 21-годишен Австриец од предградието на Грац.

ФОТО: Објавена прва фотографија од напаѓачот во Грац

Напаѓачот е идентификуван како Артур А., 21-годишен Австриец од предградието на Грац.

Се појавија првите фотографии од напаѓачот од Грац кој изврши ужасно злосторство кое ја потресе Австрија и поширокиот регион. Напаѓачот е идентификуван како Артур А., 21-годишен Австриец од предградието на Грац.

Во вторникот, Артур А. убил десет лица, а единаесет тешко повредил, пред да изврши самоубиство. Тој живеел со својата мајка, додека неговиот татко бил од ерменско потекло.

Официјални извори ја откриваат и содржината на прошталното видео што Артур ѝ го испратил на својата мајка непосредно пред нападот. Во пораката, тој ѝ се заблагодарил за сè што направила за него и побарал прошка за она што тој требало да го стори. За жал, мајката го отворила видеото 24 минути откако го примила, кога масакрот веќе се случил и Артур бил мртов, пишува Билд.

Најмладата жртва имала само 14 години, а другите биле на возраст меѓу 15 и 17 години. Убиен е и 59-годишен наставник.

Иако имал дозвола за оружје, тоа е дозвола за купување и поседување оружје од категорија Б, што не вклучува право на носење оружје на јавно место. Таквото оружје мора да се транспортира заклучено и без муниција, на пример до стрелиште. За носење оружје е потребна посебна дозвола. Се верува дека во нападот користел пиштол и пушка.

To top