Голманот на екипата на Еспањол и на младата фудбалска репрезентација на Шпанија, Жоан Гарсиа е нов голман на екипата на Барселона.
Гарсиа заминува во градскиот ривал откако двете управи се договорија тој да направи трансфер вреден 25 милиони евра. Младиот чувар на мрежата ќе потпише петгодишен договор.
Според медиумите се е подготвено тој да премине во Барселона, а официјализацијата ќе може да се случи најдоцна до следната недела.
Иако има 21. година тој веќе има преку педесет настапи за Еспањол и во Шпанија е сметан за еден од најперспективните млади голмани.