Денеска ( 23.12.2023) околу 8:30 часот полициски службеници од Полициската станица за безбедноста на патниот сообраќај при СВР-Велес, ги лишиле од слобода М.Г. (25) и О.Т.(32), двајцата од Велес, постапувајќи по претходно добиена пријава дека утрото околу 08 часот извршиле разбојништво во спортска обложувалница и со употреба на сила врз вработената, одзеле пари.
По кратко време, лицата се пронајдени и приведени во полициска станица.
Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.