Денеска, на мое барање, сум на средба со тутунопроизводителите од прилепскиот регион, поканети се здруженија од областа на тутунопроизводството, вели Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ.
-Гледаме дека власта едноставно не е заинтересирана за решавање на проблемот со откупот на тутунот и овде правиме еден пресек на актуелната состојба во која што се наоѓа моменталниот откуп каде што можеме да констатираме дека откупот е на многу минимално ниво, меѓутоа воопшто не се задоволни од откупната цена која што е во моментов на сила. Она што денес го предложив на состаноков, а воедно упатувам и апел до Владата на Република Македонија и до МЗШВ и Николовски, е една формула како да се поткрене цената за да биде општо задоволство и на компаниите и на земјоделците пред се, но и за државата да ја задржи оваа категорија на земјоделци која што е многу битна за целиот земјоделски сектор, истакна тој.
Трипуновски порачува: Државата преку министерството и надлежните институции од областа под итно да направат производна цена за 2023 година, на таа цена треба да се стави 30% зголемување за да имаат профит тутунопроизводителите.
-Ова државата може да го направи и да ја наметне таа цена преку Тутунскиот комбинат Прилеп каде што таа цена ќе биде зголема за 30% за коперантите коишто се на Тутунскиот комбинат Прилеп, овој тренд ќе го следат и останатите компании. Дополнително и државата теба да помогне со дополнителен финанскски допринос, односно ако субвенцијата за првата категорија од 80 денари да се зголеми на 110 денари преку интервентниот фонд. После поразот на СДС и ДУИ доаѓа сериозна Влада коа што сериозно ќе работи на враќање на достоинството на сите земјоделци во Република Македонија. Доколку владата овие денови не се одважи, не го прифати нашиот предлог, доколку ВМРО-ДПМНЕ земе учество во техничката влада каде што на опозицијата и следува технички министер за земјоделство односно заменик министер за земјоделство ќе се предложи до владата на владина седница официјални информации односно предлог измена на ова што го нудиме денеска, за да стане актуелно односно да биде во сила и да можат компаниите да го спроведат, вели тој.
„Доколку и тогаш власта не се одзва да го прифати овој предлог кој што го нудиме дали сега дали тогаш во техничката влада единствено што ни останува дека по поразот на СДС и ДУИ доаѓа сериозна влада кој што сериозно ќе работи на враќање на достоинството не само на тутунарите во Македонија практично на сите земјоделци и земјоделски производители во нашата држава затоа што Македонија од некогаш способна да произведе за домашни потреби и да извезе храна гледаме дека денес сме речеси комплетно увезно зависни на било кој земјоделски производ и милиониски суми евра се одлеваат надвор од државата“ – посочи Трипуновски.