Поминаа четири години откако Меган Маркл го роди своето второ дете, девојче по име Лилибет Дајана. Таа го роди својот син Арчи во Велика Британија во 2019 година, а малата наследничка пристигна во Америка во 2021 година.
Со оглед на тоа што принцот Хари објасни во својата книга „Резервa“ како Меган одела само два часа по раѓањето на својот син, иако примила две епидурални инјекции, многумина не му веруваа. Особено жените кои поминале низ ваков вид породување.
Сега, по повод 4-тиот роденден на нивната ќерка, Меган објави видео од породилиштето, каде што таа и принцот танцуваат на песната „Бејби Мама“, а во еден момент дури и тверка! Така, вели таа, сакала да го поттикне породувањето, бидејќи двете нејзини деца ги надминале термините.
„Двете наши деца решија да дојдат на свет една недела подоцна од очекуваното. Кога ништо друго не функционираше – ниту зачинета храна, ниту прошетки, ниту акупунктура – остануваше само едно“, напиша таа.
View this post on Instagram