Осум лица се повредени, дел од нив со изгореници, од како маж фрлил молотови коктели врз група луѓе кои во центарот на Боулдер, Колорадо, се собрале да изразат поддршка за израелските заложници во Појасот Газа.
Напаѓачот, 45-годишниот Мохамед Сабри Солиман, извикал „Слободна Палестина“ пред нападот. Тој е уапсен и се наоѓа во притвор во округот Боулдер. Нападот се истражува како можен терористички акт од страна на ФБИ.
Настанот се случил во популарниот трговски дел „Пирл Стрит“, на почетокот од еврејскиот празник Шавуот, само една недела по сличен напад во Вашингтон.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изрази солидарност со жртвите и рече дека нападот бил мотивиран од омраза кон Евреите. Повредените се на возраст од 52 до 88 години.