Иран денеска побара гаранции од САД дека ќе ги укинат санкциите што ја задушуваат иранската економија, во контекст на новите предлози за можно обновување на нуклеарниот договор.
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаи, изјави дека „Иран мора да види дали има вистинска промена во ставот на САД – нешто што досега не сме го виделе“.
-Бараме јасни гаранции дека санкциите навистина ќе бидат укинати и нема повторно да бидат воведени, додаде тој.
Преговорите меѓу двете страни имаат за цел решавање на деценискиот спор околу иранските нуклеарни амбиции. (МИА)