Скопје ЈП Водовод и канализација

Вонреден мониторинг на водата за пиење во Скопје, еве што покажаа резултатите

-Од добиените резултати сите примероци физичко-хемиски и микробиолошки ОДГОВАРААТ на Правилникот за барање за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ бр.183/18), со што констатираме дека водата од водоснабдителниот систем на град Скопје е санитарно исправна и истата може непречено да се употребува за хумана употреба, велат од скопски Водовод.

Вонреден мониторинг на водата за пиење во Скопје, еве што покажаа резултатите

Секторот Санитарна контрола на ЈП Водовод и канализација – Скопје на ден 01.06.2025 година изврши вонреден мониторинг на водоснабдителниот систем на градот Скопје кој беше во прекин со водоснабдување на 31.05.2025 година поради изведување на активности на секторот Водовод и секторот ЕОК.

Мониторингот опфати 10 (десет) точки: Кале, Топанско Поле, Шуто Оризари, Радишани, Бутел, Ф – 600, Железара- во раните утрински часови, Автокоманда, Визбегово и Чаир 1 од каде беа земени примероци од вода за пиење врз кои беше изведено физичко-хемиско и микробиолошко лабораториско тестирање.
Покрај теренските мерења на рутинските параметри и концентрацијата на резидуален хлор, тестирањето беше изведено и со страндардни методи со јонска хроматографија за физичко-хемиската анализа и со Полимераза верижна реакција (ПЦР) метода за микробиолошката анализа.

-Од добиените резултати сите примероци физичко-хемиски и микробиолошки ОДГОВАРААТ на Правилникот за барање за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ бр.183/18), со што констатираме дека водата од водоснабдителниот систем на град Скопје е санитарно исправна и истата може непречено да се употребува за хумана употреба, велат од скопски Водовод.

Најнови вести од Скопје

To top