Оклопни возила, вооружување и заштитна опрема ќе можат да видат граѓаните на отворениот ден на Армијата кој ќе се одржи на градскиот плоштад во Кавадарци на 01.06.2025 година (недела) во период од 10:00 до 13:00 часот.
По повод меѓународната вежба „Immediate response 25“ (IR 25) која се одржува на АП „Криволак“, граѓаните одблиску ќе можат да ги видат новите армиски возила JLTV, инженериско возило „Husky“ и робот за откривање и деминирање на мини, како и НХБО средства. Дополнително ќе може да се запознаат со најновото пешадиско вооружување, заштитна опрема од армиите на САД, Италија и Република Северна Македонија , но и апинистичката опрема на американската армија.
Меѓународната вежба „IR 25“ е дел од најголемата НАТО вежба оваа година на тлото на Европа, „Defender 25“. Во вежбовната активност на армискиот полигон „Криволак“ учествуваат над 2200 армиски припадници од земјава, САД, Албанија, Грција, Италија, Црна Гора, ОК, Австрија и Косово. Преку изведување на копнени и боеви гаѓања се подобруваат подготвеноста, интероперабилноста и способностите за одвраќање помеѓу НАТО сојузниците и партнерите.