Општина Бутел останува моќна, порача градоначалникот Дарко Костовски, по објавата дека ќе бара уште еден мандат од граѓаните.
-Најнапред сакам да се заблагодарам на сите граѓани на Општина Бутел за големата поддршка и доверба што ја добивам секој ден. Сакам лично да се заблагодарам на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Христијан Мицкоски и на извршниот комитет на партијата за довербата која ја добив вечерва. ВМРО-ДПМНЕ вечерва ме предложи да бидам кандидат за градоначалник на престојните локални избори, тоа е огромна чест и секако одговорност која по секоја цена повторно ќе ја оправдам, напиша тој.
„Искрено сметам дека целосно ја оправдав Вашата доверба, моите принципи за стабилна, просперитетна и модерна Општина Бутел ги следев по секоја цена! Заедно со мојот тим докажавме дека сепак е можно да се реализира една предизборна програма, дека е можно да се работи пожртвувано и чесно, визионерски и храбро ! Ветив дека нема повеќе згради, ветив отворена борба со урбаната мафија, ветив дека криминалците кои ја водеа општината ќе гледаат од трибини, ветив проекти кои граѓаните ги чекаа со децении, ветив дека ќе ја вратам загубената доверба кај вас, силно сум убеден дека се што ветив, остварив. Општина Бутел стана препознатлива по своите проекти, нашата општина станува поубаво место за живеење“, посочи Костовски.
Тој во објавата ги наброја и капиталните проекти