Храна и Пијалаци Рецепт

Јапонски памук колач од само три состојки

Изладете го колачот и посипете го со шеќер во прав

Јапонски памук колач од само три состојки

Состојки:

3 јајца

120 гр бело чоколадо

120 крем сирење (намаз со сирење)

Подготовка:

Чоколадото растопете го на пареа. Одделете ги жолчките и белките и матете ги белките додека не станат густи.

Кога чоколадото ќе се растопи, измешајте ги крем сирењето и жолчките, па полека додајте ги изматените белки додека мешате.

Истурете ја смесата во калапот и печете на 170 степени 15 минути.

По 15 минути намалете ја температурата на 160 степени и печете го колачот уште 15 минути.

По 30 минути печење, исклучете ја рерната и оставете го колачот да се пече на постоечката температура уште 15 минути.

Изладете го колачот и посипете го со шеќер во прав.

To top