Триесет годишниот З.Д. од с.Цветово, скопско, пријавил во СВР Скопје, дека во с.Варвара, скопско, по претходна расправија со Е.Б. и Р.Б., двајцата од с.Елово, скопско, Е.Б. пукал кон него и му нанел повреда во ногата.
Потоа З.Д. бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.