Денеска (26.05.2025) околу 19 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул. “Србија” во Скопје патничко возило “голф”, управувано од Ф.С. (48) од Скопје излетало од коловозот.
Возачот се здобил со телесни повреди, а по извршено алкотестирање утврдено е дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно дека има 1.16 промили алкохол во крвта.