Останати спортови

Швајцарија и САД во финалето на хокеарскиот Мундијал 2025

Швајцарија и САД во финалето на хокеарскиот Мундијал 2025

Репрезентацијата на Швајцарија ќе се бори за трофејот на Светското првенство во хокеј на мраз 2025.

Во второто полуфинале, Швајцарците во Стокхолм ја декласираа Данска со 7:0.

Стрелци на головите беа: Нино Нидерајтер (два), Кен Џегер, Денис Малгин, Сандро Шмид, Демиен Риат и Тајлер Мој.Противник на Швајцарија ќе биде селекцијата на САД.

Швајцарија втора година по ред стигна до финалето на првенството. Во 2024 година, Швајцарците загубија од Чешка во решавачкиот натпревар (1:2).

Данска исто така утре, ќе се соочи со Шведска во натпреварот за бронзениот медал.

To top