Македонија Мисајловски: Денешниот настан е значаен за целиот регион

Отворен првиот дијалог во рамки на Партнерството за безбедност и одбрана Македонија – ЕУ

Денеска заедно со министерот Тимчо Муцунски и високата претставничка на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас го отворивме првиот дијалог во рамки на Партнерството за безбедност и одбрана МК – ЕУ, објави на социјалната мрежа на Фејсбук министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Отворен првиот дијалог во рамки на Партнерството за безбедност и одбрана Македонија – ЕУ

Денеска заедно со министерот Тимчо Муцунски и високата претставничка на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас го отворивме првиот дијалог во рамки на Партнерството за безбедност и одбрана МК – ЕУ, објави на социјалната мрежа Фејсбук министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Ова партнерство ни овозможува да ја зацврстиме нашата заедничка безбедност и заеднички да продолжиме посветено да работиме на развој на меѓусебната одбранбена соработка.

Денешниот настан е значаен не само за Македонија, туку и за целиот регион, бидејќи ни овозможува да ја унапредиме нашата соработка со ЕУ во области кои се од критична важност за националната и европската безбедност.

Благодарност до Европската Унија која нè поддржува во развојот на македонските одбранбени капацитети.

Сигурен сум дека со оваа партнерска соработка ќе продолжиме да градиме силен и стабилен регион, кој е способен да се соочи со сите предизвици, пишува Мисајловски во својата објава.

Најнови вести од Македонија

To top