Чешката полиција соопшти дека луѓе се убиени и повредени во пукање во близина на универзитет во центарот на Прага.
Извештаите покажуваат дека инцидентот се случил на Филозофскиот факултет на Карловиот универзитет, кој се наоѓа на плоштадот „Јан Палах“.
BREAKING: Shooting with multiple fatalities at Charles University's Faculty of Arts in Prague pic.twitter.com/Rs0u9RHsXi
— BNO News (@BNONews) December 21, 2023
„Стрелецот е елиминиран! Целата зграда моментално се евакуира и на местото има неколку загинати и десетици повредени“, соопшти полицијата на мрежата Икс.
Според градоначалникот Бохуслав Свобода, напаѓачот паднал од зградата и починал, според непотврдени сведоштва на мрежите, тој прво се застрелал. Полицијата сѐ уште не го прецизирала начинот на отстранување.
Таму е министерот за внатрешни работи Вит Ракушан. „Ги повикувам граѓаните да не одат на местото да гледаат. Сакам да ја уверам јавноста, стрелецот е елиминиран, друг напаѓач не е потврден“, рече тој во интервју за Чешката телевизија.
Според достапните фотографии, по ходникот на факултетот се движел маж со долго огнено оружје. Други слики покажаа луѓе како трчаат од зградата со кренати раце.
Студентите забарикадирани внатре во факултетот опишаа дека виделе како паѓа девојка која сакала да се спаси слегувајќи од балконот; дури и тоа сè уште не може да се потврди.
Спасувачката служба го активирала таканаречениот план за траума. Сведоците напишаа на социјалните мрежи дека имало „многу пукање“.
„Ги повикуваме граѓаните да не престојуваат во непосредна близина и да не излегуваат од дома. Интервенцијата на полицијата сѐ уште продолжува“, додаваат полициските службеници.
„Млада фронта“ јавува дека полицијата ги повикала сите расположливи патроли од прва линија и засилувања од другите региони на местото на настанот во центарот на Прага. Случајот е пријавен како „пукање од луд вооружен маж“.
Се вели дека напаѓачот бил на 4 кат, на вработените им е испратена електронска пошта да останат во канцелариите и да ги изгаснат светлата, да ги заклучат и да ги забарикадираат вратите.
Премиерот Петр Фијала, кој беше во посета на градот Оломоуц веднаш трганл назад кон Прага и ги повика граѓаните да ги почитуваат упатставата од полицијата. Тој соопшти дека пукањето било во Филозофскиот факултет.
#BREAKING: Mass shooting reported at a university in Central Prague, Czech Republic. Multiple killed and injured. pic.twitter.com/pVgQKdQ06I
— Hexdline (@HexdlineNews) December 21, 2023
Според агенцијата Aktu.cz, напаѓачот користел долго оружје со оптика.
Чешката новинска агенција известува дека инцидентот со пукањето вклучува зграда на универзитет и дека студентите споделуваат на интернет дека луѓето се затворени во училниците и дека некои училници се евакуирани, пренесува „Хосподаршске новини“.