Македонија откако, во македoнија го откачија сите...

Таравари на „БАЦИ РАКА“ во Тирана кај Еди Рама

„Со најевропскиот премиер во моментов или како што сите велат во овие денови: со Еди“, напиша Таравари по средбата.

А истиот тој Еди Рама во една негова изјава вели дека Артан Груби бил најдобар Албанец меѓу Македонците и најдобар Македонец меѓу Албанците, но од неодамна Груби беше ставен на американската црна листа, а македонските власти го бараат да одговара за финансиски криминал.

Таравари на „БАЦИ РАКА“ во Тирана кај Еди Рама

Откако не му успеа да ја дестабилизира земјава и македонската влада, екс министерот за здравство, Арбен Таравари замина онаму каде што бегаат сите албански лидери откако ќе ја изгубат поддршката во Македонија, Таравари отиде „на баци рака“ кај Еди Рама во Албанија.

Она што тој го посочува во соопштението како причина за неговата средба со Рама е со цел да му честита за победата на 11 мај.

Средбата се одржа во просториите на Владата во Тирана, во пријателска и братска атмосфера.

По тој повод, г. Таравари ја пренесе најискрената честитка во име на Алијансата за Албанците за изборната победа и повторното добивање на довербата од граѓаните за Социјалистичката партија и нејзината визија за Албанија.

„Со најевропскиот премиер во моментов или како што сите велат во овие денови: со Еди“, напиша Таравари по средбата.

А истиот тој Еди Рама во една негова изјава вели дека Артан Груби бил најдобар Албанец меѓу Македонците и најдобар Македонец меѓу Албанците, но од неодамна Груби беше ставен на американската црна листа, а македонските власти го бараат да одговара за финансиски криминал.

За време на разговорот беа дискутирани и прашања од значење за Албанците во регионот, како и потребата за зајакнување на меѓуалбанската соработка на сите нивоа – политичко, институционално и општествено, соопшти Таравари.

Алијансата за Албанците високо ја цени улогата на Албанија како клучен фактор во поддршката на демократскиот развој и правата на Албанците во регионот и изразува подготвеност за понатамошно продлабочување на таа соработка.

Најнови вести од Македонија

To top