Македонија мвр

Посебен режим на сообраќај во Скопје

Од Министерството за внатрешни работи апелираат граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Посебен режим на сообраќај во Скопје

Посебен режим на сообраќај ќе има денеска во Скопје поради спортски настан, информираат од Министерството за внатрешни работи и апелираат граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

– Во организација на Здружение за спорт и рекреација „Прв до врв – Скопје“, ќе се одржи 13. издание на традиционалниот спортско-рекреативен настан насловен како „Прв до врв“, со почеток во 9:45 часот со траса на движење на велосипедската трка со почеток од пред Музеј на град Скопје – улица „Свети Кирил и Методиј“, лево по булеварот „Свети Климент Охридски“, во продолжение право по булеварот „Мајка Тереза“, лево по улицата „Тодор Александров“, во продолжение по локален пат за Средно Водно до врв на Водно – „Милениумски крст“ и траса на движење на планинарите со почеток во 10 часот од пред ОУ „Кочо Рацин“ на булеварот „Мајка Тереза“, право по улицата „Тодор Александров“ и кај улицата „Салвадор Аљенде“ десно по планинската патека кон Средно Водно, од Средно Водно кон врв на Водно – „Милениумски крст“ во Скопје, појаснуваат од Министерството за внатрешни работи.

Најнови вести од Македонија

To top