За титулата да има поголема смисла, утрово Скопје е и во ТОП 10 најзагадени градови во светот во друштво на градовите од земјите како на пример Пакистан, Индија, Кувајт, Узбекистан, Непал и Бангладеш.
Освен Скопје, на 15 место се наоѓа и Приштина од соседно Косово, па дури потоа следуваат Белград и Загреб, на 32-то односно 33-то место од табелата.
Иронијата и гневот кај граѓаните е поголем во овие 24 часа откако вчера во медиумите, беше објавено дека Скопје е загадено, а од град Скопје демантираа со реакција до јавноста истакнувајќи дека сите вести кои се пласираат во јавноста ги пишуваат „партиски војници“ и велат дека текстовите се нарачка од „политички кујни“.
Еве ја нејзината реакција од вчера:
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, преку својата прес-служба повторно ги негира информациите дека воздухот во главниот град е опасно загаден. Оттаму велат дека сите вести кои се пласираат во медиумите ги пишуваат „партиски војници“ и велат дека текстовите се нарачка од „политички кујни“.
За да покаже дека Скопје не е меѓу најзагадените градови во светот, па и дека не е меѓу најзагадените во Македонија, Арсовска се повикува на интернет страницата WAQI. Но овој пат дури и посочената страница од градоначалничката докажува дека амбиенталниот воздух во Скопје е 3 до 4 пати позагаден од дозволеното. Во точно 11:51 минута во населбата Пинтија ПМ10 честичките изнесуваа 349, во Лисиче беше измерено 167.
„Утрово како и секој друг ден од почетокот на грејната сезона сведоци сме на лажни вести кои во 21 век, во ера на информатичка технологија, кога податоците и вистината се достапни за секого, може да се проверат. Имено, неразбрлива е за нас потребата од пласирање на сензационалистичката лага за наводна загаденост на градот Скопје, особено поради фактот што светскиот мониторинг сервис WAQI кој во реално време ги покажува податоците за нивото на загаденост во сите градови во светот, јасно покажува дека Скопје не е ниту најзагаден град во Македонија, а не пак во светот. Дополнително и на националните мерни станици се потврдува истото. Како најзагадени градови во Македонија во последните 48 часа се Кавадарци, Струмица и Тетово. Во реално време можете да ги следите резултатите од мерењата од сите градови и држави во светот на https://waqi.info/“.