Хроника Следува пријава

Мајка од Битола питачела со 2-годишно дете, а четири мали дечиња оставила сами дома

Според МВР, нејзините 4 деца на возраст од 4, 5, 6 и 7 години, од нејзина страна биле оставени сами во нивниот дом.

Мајка од Битола питачела со 2-годишно дете, а четири мали дечиња оставила сами дома

На 19.12.2023, при акциска контрола од страна на полициски службеници од СВР Битола и претставници од Јавната установа – Меѓуопштински центар за социјални работи Битола, во 12:00 часот на пешачка зона кај објект „ Борово“ во Битола затекната е Е.У.(26) од Битола како питачи, држејќи го нејзиното двегодишно дете во рацете завиткано во ќебе.

Според МВР, нејзините 4 деца на возраст од 4, 5, 6 и 7 години, од нејзина страна биле оставени сами во нивниот дом.

Од страна на полициските службеници двегодишното дете е предадено на претставниците од ЈУМЦСР Битола со цел понатамошно преземање на мерки за заштита и згрижување.

По целосно документирање на случајот, против Е.У. ќе биде поднесена соодветна пријава.

To top