Овие денови, особено сум горд на иницијативата на учениците од ООУ „Димитар Македонски“, кои организираа хуманитарен музички и забавен настан посветен на нивниот соученик Ангел Христовски, истакна градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски.
„На настанот кој се одржа во просториите на училиштето, наставниците, учениците и родителите, имаа можност да купат рачни изработки од останатите ученици, да донираат средства во кутиите за донација, како и преку видео-врска да испратат директни пораки за поддршка за нивниот соученик Ангел.
Собраните средства од настанот ќе бидат искористени за финансирање на неговиот третман за вродена мускулна дистрофија во Кина, а во оваа прилика апелирам до сите кои се во можност да донираат на следните телефонски броеви или жиро-сметката:
Телеком: 143-138
А1: 143-401
Жиро сметка: 210700000681076“ – истакна тој.