Во моментов, според платформата „Ај-Кју Ер“, во Скопје се измерени 71,7 микрограми на кубен метар ПМ 2,5 честички, а ПМ 10 честичките се со концентрација од 48, 2 микрограми на кубен метар.
Концентрацијата на ПМ 2,5 во Скопје во моментов е 14,3 пати поголема од годишната вредност на упатството за квалитетот на воздухот на светската здравствена организација. Најголема загаденост измериле станиците во Лисиче, Центар, Гази Баба и Карпош.
Утринава Скопје, според високиот индекс на загаденост, е во топ десетте најзагадени светски градови, а од Европа и Балканот пред нас се градовите Сараево и Приштина.