Министерот за земјоделство Цветан Трипуновски денеска ги посети земјоделците во општина Делчево. На средбата како што истакна се разговарало за штетите од ниските температури кои што се случија изминатиот период.
– Од ниските температури ни сливите и вишните не останаа имуни. Им ја појаснив процедурата која што е потребно да ја спроведе Општина Делчево за да можат да ги пријават настанати штети предизвикани од ниските температури, истакна Трипуновски.
Додаде дека на располагање на земјоделците е Подрачната единица на Делчево при МЗШВ за да излезе во пресрет на Општината за да се заврши побргу процедурата за обесштетување.
Наша обврска како Министерство и како Влада подвлече министерот за земјоделие е да им се излезе во пресрет и да се обештетат земјоделците чии што насади измрзнаа.