Фудбал Лига на Шампиони

УЕФА ги одреди судиите за полуфиналните средби на „Џузепе Меаца“ и „Паркот на принцовите“

УЕФА ги одреди судиите за полуфиналните средби на „Џузепе Меаца“ и „Паркот на принцовите“

Вторник и среда се играат реванш натпреварите од полуфиналето на фудбалската Лига на шампиони што значи дека ќе ги добиеме финалистите за оваа сезона во елитното европско натпреварување.

Милано и Париз ќе бидат во фокусот, а УЕФА веќе ги одреди арбитрите кои треба да се погрижат се да мине во најдобар можен ред на „Џузепе Меаца“ и „Паркот на принцовите“.

Битката меѓу Интер и Барселона ќе ја суди можеби и најдобриот арбитар на светот Симон Марчинијак. Останатите судии исто доаѓаа од Полска, додека главен во ВАР собата ќе Денис Хинглер од Холандија.

Натпреварот меѓу ПСЖ и Арсенал ќе го води Феликс Цвајер, искусен судија за кого знае да има поделени мислења во јавноста.

На Цвајер ќе му помагаат сонародноците, а вреди да се напомене дека главен за ВАР ќе биде Бастијан Данкерт.

To top