Свет РИА Новости

Најмалку три жртви во експлозија во Москва

На пожарникарите им требало околу еден час да го изгаснат пожарот.

Најмалку три жртви во експлозија во Москва

Три лица загинаа, а шестмина се повредени во експлозија во станбена зграда во Москва, пренесе агенцијата РИА Новости.

Експлозијата предизвикала пожар, а деветтиот кат од зградата делумно се урнал.

На пожарникарите им требало околу еден час да го изгаснат пожарот.

Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин рече дека причината за експлозијата сè уште е непозната, а полицијата покрена истрага. (МИА)

To top