Вдовицата на Хју Хефнер, Кристал Хефнер, ја објави свршувачката речиси осум години по смртта на основачот на „Плејбој“.
Нејзиното момче Џејмс Ворд ѝ предложил брак неколку дена пред нејзиниот роденден.
-Се чувствував како сè да дојде на свое место. Џејмс ме изненади целосно. Ги исчисти скриените скали и патеката што води до терасата со поглед на океанот. Тоа беше истото место каде што имавме пикник пред една година, изјави Кристал за „Ју-Ес Викли“.
Таа истакна дека не знаела што планира Џејмс сè додека не ги видела цвеќињата и рачно напишаните пораки.
-Тогаш знаев дека ќе се случи нешто неверојатно. Тоа беше едно од најубавите нешта што некој некогаш ги направил за мене, рече таа.
View this post on Instagram
Нејзиниот вереник истакна во интервју за „Пипл“ дека му било тешко да ги крие своите планови од неа.
Кристал, исто така, ја спореди оваа свршувачка со онаа со Хју Хефнер.
-Ова поглавје е како реалниот живот, во најубавата и емоционално искрена смисла. Мојата прва венчавка беше дел од поглавје кое повеќе личеше на настап за јавноста. Дури и не носев бело. Ќе биде поинаку со Џејмс, рече таа.
За потсетување, Кристал и Хју беа во брак од 2012 година до неговата смрт во септември 2017 година. Кога се венчаа, таа имаше 26, а тој 86 години. Минатата година, Кристал призна дека никогаш вистински не го сакала Хју.
-Тешко е да се сака некој што сака да има повеќе луѓе во спалната соба, на кого му е грижа само за себе и за своите потреби, рече таа.