Вокабуларот полека, но сигурно ја издава Левица, нивните афинитети и блискоста со менторската СДСМ. Вчера на простестите на ССМ го посведочивме истото (беа небаре калапени), а денеска со реакцијата на и онака небуозниот извештај на спонзорираната од Сорос (до вчера и УСАИД) „Репортери без граници“, која за падот од 6 места се повика на некаков, наводен и неаргументиран „понижувачки однос на власта кон новинарите“. Без никаков пример за истото.
За падот кој е нелогичен, затоа што ништо такво не се случило во македонското новинарство минатата година, Левица очекувано го обвини ВМРО-ДПМНЕ со зборовите: Слободата на медиумите се доведува во прашање секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ се на власт!
Да не знаевте дека се кажани од Левица, ќе помислевте дека се од СДСМ, нели? Гарант и на Бихаќка се каеле што прво на побратимите од Левица им текнало и ги преземале нивните веќе стандардизирани зборови.
Левица (изнедрена од шарената „револуција“ на СДС, партија или што и да е што во себе нема левичари, туку само левучари) продолжува со несмалено, СДС темпо:
„Поради егзистенционална закана (зависност), објективното и слободно информирање е негова прва жртва. Доведувањето во ваква положба на медиумите е алатка на ВМРО-ДПМНЕ преку која обезбедува загушување на секоја критика кон нивното режимско владеење,“ се вели во соопштението од „Левица“, која одамна не е девица по антивмровска пропаганда.
„ДПМНЕ се врати – слободата на медиумите замина. Секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, слободата на медиумите се гуши, новинарите се под притисок, а медиумскиот простор се стеснува. Денес тоа повторно се случува“, вели портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска. Разликата со Левица е небаре интерпункциска…
„Гарант, СДС и Левица ќе се земат пред избори, време е да го официјализираат бракот, ама крајно.“ Ова е само еден од коментарите на социјалните мрежи во кој граѓаните се исмеваат со веќе не така скриената врска меѓу двата политички субјекти кои никогаш и не биле два…