Свет САД

Белата куќа за тридневното примирје понудено од Путин: Трамп сака траен прекин на огнот

„Претседателот сака да види трајно примирје што ќе ги запре убиствата и крвопролевањето“, рече Ливит.

Белата куќа за тридневното примирје понудено од Путин: Трамп сака траен прекин на огнот

Американскиот претседател Доналд Трамп јасно стави до знаење дека сака траен прекин на огнот во Украина, а не привремен прекин на непријателствата, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит.

Таа зборуваше кратко откако рускиот претседател Владимир Путин објави тридневно примирје од 8 до 11 мај, по повод 80-годишнината од крајот на Втората светска војна.

„Претседателот сака да види трајно примирје што ќе ги запре убиствата и крвопролевањето“, рече Ливит.

Таа додаде дека Трамп „останува оптимист“ во врска со можноста за постигнување договор, но дека е „сè повеќе фрустриран од лидерите на двете страни“ кои, како што рече таа, „мора да седнат на маса и да преговараат за излез од конфликтот“. Ливит, исто така, нагласи дека неодамнешната средба меѓу Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски во базиликата „Свети Петар“ покажала дека Трамп „сака да биде претседател кој повторно ќе донесе мир, како што беше во својот прв мандат“.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Претходно денес, Кремљ објави дека планира да ги прекине борбите во Украина од полноќ на 7 мај до 8 мај до 11 мај, по повод 80-годишнината од крајот на Втората светска војна.

Кремљ објави дека очекува Украина да го прифати примирјето, но предупреди дека, во случај на негово кршење, руските сили „ќе одговорат соодветно и ефикасно“. Во исто време, Русија уште еднаш ја изрази својата подготвеност за мировни преговори без предуслови. (МИА)

To top