Македонија етички норми во заедницата

Серијал на Костов: За должностите, одговорноста, моралот и етиката во Република Македонија (8.ДЕЛ)

Моралот на човекот во заедницата функционира како низа од вредности, норми и определби кои го инспирираат неговото однесување. Сите тие се важни и незаобиколни, треба да се следат но и да се спроведуваат. Секогаш се однесуваат на личните вредности на луѓето, оние кои значат постапка кон други луѓе, оние кои се однесуваат на целата зедница и оние кои се општочовечки и се однесуваат на целото човештво.

Серијал на Костов: За должностите, одговорноста, моралот и етиката во Република Македонија (8.ДЕЛ)

 

Довербата е искрена верба во нешто и некого, и меѓусебно верување во моралот

Многу често велиме дека моралот е дејствување на луѓето според однапред поставени етички норми во заедницата. Моралот всушност е творечка дејност на луѓето кои се одговорни, имаат човечки карактеристики, и чија цел е да постапуваат најдобро што можат за да го унапредат човековото живеење. Моралот е творештво на слободна личност, која со својот етички талент, посветеност и ангажираност се труди да го подобри, своето и живеењето на другите луѓе во заедницата. – Кирил Темков

Моралот на човекот во заедницата функционира како низа од вредности, норми и определби кои го инспирираат неговото однесување. Сите тие се важни и незаобиколни, треба да се следат но и да се спроведуваат. Секогаш се однесуваат на личните вредности на луѓето, оние кои значат постапка кон други луѓе, оние кои се однесуваат на целата зедница и оние кои се општочовечки и се однесуваат на целото човештво.

Главни лични норми на човекот

Тоа се личните вредности, кои ги карактеризираат добрите постапки на секој човек: Пристојност – прилагоденост на дејствувањето на човекот со правилата на доброто однесување и постапување; Разумност – рационално мислење и дејствување и умно однесување во согласност со умот и водење сметка за сите аспекти на животот и за сите страни на секое прашање; Умереност – држење средина во дејствувањето, рамнотежа, самоконтрола, дејствување без претераност; Коректност – правилно однесување на личноста, постапување според прописите, водење сметка за ставот на другите и нивно неповредување; Стабилност – постојаност на намерите и на постапките, невозбудување пред предизвиците и еднакво и мирно однесување секогаш и во секоја ситуација.
Е сега, ајде да се запрашаме дали сме пристојни секогаш кога тоа го бараат пишаните и непишани правила на доброто говорење, однесување и постапување во средината во која живееме и работиме? (Да не заборавиме дека пристојноста значи потврдување на идеите за почит, толеранција, сообразување со другите и тоа на начин кој е пропишан со општествени норми за пристојност. Не се работи само сопственото убедување што е пристојно или не, туку што општеството или јавноста смета го пропишува за такво.) Покажуваме ли потребно ниво на разум, кога треба да сме рационални, умни и доследни? Не краси ли умереност, особено кога се работи за нашите желби и потреби, имаме ли самоконтрола, или пак претеруваме? Кога последен пат сме се запрашале дали сме коректни, пред се кон себе(во смисла на придржување кон законите и другите важечки прописи) и секако кон средината во која живееме и работиме, кога не ги спазуваме хигиенските и еколошките стандарди и нормите на општествената одговорност? Дали секогаш намерите ни се чесни, а постапките правилни и етички? Време е самите на себе да си ги дадиме одговорите, ама притоа да бидеме искрени и објективни. Тоа е можно само преку паметни идеи, добри дела и доблести кои мора да ги поседуваме.

Добро постапување кон другите луѓе

Од напред наведеното се обидувам на животот да му пријдам од друга поинаква перспектива. Досегашната се покажа несоодветна. За само 7-8 години во четири несреќи изгубивме – ни изгореа многу наши сограѓани, државјани на Македонија. Досега, одговорност нема, како да на одговорните совеста им беше спечена. Животот е најскапа вредност и затоа, неопходно е ние обичните граѓани да одговориме со издигнување на свеста и будење, активирање на совеста. Што конкретно значи тоа?
Тоа е водење сметка за луѓето со кои се доаѓа во контакт во животот и работата. Тоа е добар однос и соработка со луѓе од заедницата т.е со луѓето со кои се дели истата судбина. Основните вредности на ваквиот однос се:

Разбирање – имање осет за другите, за нивните вредности и постапки. Спогодување и согласност со другите луѓе;
Почитување – укажување на чест некому, уважување и давање соодветно место на друг што го заслужува, истакнување на неговата лична вредност и на неговата позиција, внимателно, учтиво и културно однесување кон него; Помош – олеснување на задачите и на тешкотиите на другите, основна етичка ориентација на човекот, овозможување полза за некого во заедницата;
Искреност – отвореност кон другите луѓе, доследна вистинитост, понудување на своите чувства и идеи за да бидете разбран;
Лојалност – посветеност и приврзаност кон нешто и некого, меѓусебно почитување на членовите на една социјална или работна група;
Љубов – силна приврзаност, наклонетост кон некого со чисти емоции, извор на човековото разбирање на животот и на другите луѓе, и извор на етиката.

(продолжува)
Сотир Костов

Најнови вести од Македонија

To top