Свет

Силна експлозија во иранското пристаниште Шахид Раџаи

Силна експлозија избувна во пристаништето Шахид Раџаи во јужниот ирански град Бандар Абас, јавија иранските медиуми.

Силна експлозија во иранското пристаниште Шахид Раџаи

Силна експлозија избувна во пристаништето Шахид Раџаи во јужниот ирански град Бандар Абас, јавија иранските медиуми.

Сè уште нема информации за евентуални човечки жртви, а сè уште е непозната и причината за експлозијата.

– Силна експлозија се случи на кејот во пристаништето Шахид Раџаи, што се наоѓа повеќе од 1.000 километри јужно од главниот град Техеран, изјави за државната телевизија претставникот на пристанишните власти Есмаил Малекизадех.

Пристаништето Шахид Раџаи главно прима контејнери, но има и резервоари за нафта и други петрохемиски инсталации.

To top