Фудбал голема реконструкција на Етихад

Манчестер Сити ќе се обиде да ја засили голманската позиција

Манчестер Сити ќе се обиде да ја засили голманската позиција

Засилувања во Манчестер Сити ќе има на речиси сите позиции од наредната сезона.  Сигурно е заминувањето на долгогодишниот прв голман Едерсон, а Гвардиола на негово место сака да го доведе Микеле Ди Грегорио од Јувентус. Сепак, италијанскиот голман наводно изјавил дека нема намера да го напушти Торино.

Овој 27-годишен голман напредуваше низ сите младински редови на Интер, а со одличните настапи во Монца го привлече вниманието на големите клубови.

Неговите настапи во Монца го привлекоа Јувентус, кој пред две години го откупи неговиот договор за 20 милиони евра. Сити наводно бил подготвен да понуди и до 40 милиони за него, но Ди Грегорио не сака да си оди.

To top