Хроника мвр

Три лица загинаа, а осум се повредени во сообраќајна несреќа на магистралата Кичево-Гостивар

Според првичните информации три лица починале како последица на добиените повреди, а осум лица се повредени. Дел од нив се пренесуваат во болницата во Кичево, дел во Клинички центар Мајка Тереза во Скопје, изјави Димоски за МИА.

Три лица загинаа, а осум се повредени во сообраќајна несреќа на магистралата Кичево-Гостивар

Три лица загинаа, а осум се повредени во сообраќајната несреќа што вечерва се случи на патниот правец Кичево-Гостивар. Од 21 часот сообраќајот на овој патен правец е во прекин.

Според информациите на портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, вечерва во 20:55 часот, во ОВР Кичево е пријавено дека се случила сообраќајна незгода на патот Кичево-Гостивар, помеѓу Кичево и селото Трапчин Дол во која учествувале три возила.

– Според првичните информации три лица починале како последица на добиените повреди, а осум лица се повредени. Дел од нив се пренесуваат во болницата во Кичево, дел во Клинички центар Мајка Тереза во Скопје, изјави Димоски за МИА.

Најнови вести од Хроника

To top