Македонија Безбедно движење

Возете одговорно и безбедно: РСБСП со апел за Велигденските празнични денови

Сите учесници во сообраќајот имаат право на безбедно движење – но и обврска да придонесат за тоа.

Возете одговорно и безбедно: РСБСП со апел за Велигденските празнични денови

РСБСП упатува апел до сите учесници во сообраќајот – возачи, патници, велосипедисти и пешаци, да бидат особено внимателни и одговорни при учество во сообраќајот за време на претстојните Велигденски празници.

Велигден е празник на заедништвото, семејството и духовна радост, и за време на истиот се очекува зголемен интензитет на сообраќајот. Затоа РСБСП потсетува дека безбедноста на сообраќајот на  патиштата е заедничка одговорност на сите нас  и само со совесно и одговорно однесување можеме да го зачуваме секој живот.

РСБСП aпелира до сите возачи:

– Почитувајте ги ограничувањата на БРЗИНАТА на движење и пропишаната сообраќајна сигнализација;

– НЕ управувајте возило под дејство на АЛКОХОЛ и ЗАМОР;

– Прилагодете ја брзината на движење према условите и состојбата на патот;

– Користете сигурносен ПОЈАС;

– НЕ користете МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН за време на управување со возило;

Сите учесници во сообраќајот имаат право на безбедно движење – но и обврска да придонесат за тоа.

Велигден е празник на нови почетоци, за љубов и радост во семејството – не дозволувајте една непромислена  одлука да ги засени овие вредности.

РСБСП им посакува на сите граѓани среќни, мирни и безбедни празници. „Да го дочекаме Велигден со насмевка, да бидеме одговорни и  внимателни учесници во сообраќајот“.

To top