Останати спортови

Новак Ѓоковиќ ќе игра на турнирот во Мадрид

Новак Ѓоковиќ ќе игра на турнирот во Мадрид

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ потврди учество на турнирот во Мадрид. Мастерсот во Мадрид во 2025 година ќе се игра од 21 април до 4 мај и официјално е објавено дека таму ќе настапи Новак Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ не учествуваше на ланското издание на турнирот, а оваа година ќе игра во шпанската престолнина, соопштија организаторите.

Србинот првпат играше на мадридскиот турнир на земјена подлога во 2006 година, а досега учествувал дванаесет пати.

Освоил три титули (2011, 2016, 2019), со вкупен скор од 30 победи и 9 порази.

To top