Фудбал

Милевски: На Македонија ѝ фали малку за да биде на топ-ниво

Милевски: На Македонија ѝ фали малку за да биде на топ-ниво

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, на прес-конференцијата по натпреварот со Велс им честиташе на играчите за прикажаното и изрази задоволство од освоениот бод, со оглед на сериозноста на противникот.

„Велс е исклучително сериозен тим, составен од играчи кои настапуваат во најсилните лиги. Беа агресивни, физички подготвени, но нашите фудбалери покажаа дека напредуваат со секој изминат натпревар, иако сметам дека уште малку ни фали за да се носиме со подобри репрезентации кои играат на топ-ниво. 

Нема простор за големо разочарување, Македонија покажа дека може да биде рамо до рамо со силните селекции од стариот континент. Не би рекол дека се израдувавме прерано, примениот гол беше наша грешка, но има и такви моменти. Моравме да останеме фокусирани до самиот крај, но не верувам дека грешката дојде поради некаква еуфорија. 

Мислам дека сите треба да бидеме горди, благодарност за големата поддршка од трибините, се надевам дека им возвративме на навивачите со нашата тактичка дисциплинираност и пожртвуваност. Да останеше 0-0, можеби ќе бевме позадоволни, вака останува горчината дека бевме многу близу до трите бода“, изјави Милевски.

To top