Хроника Радовиш

Маж во инвалидска количка удрен со автомобил, тешко е повреден

Во несреќата В.М. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница Штип.

Маж во инвалидска количка удрен со автомобил, тешко е повреден

На 07.03.2025 година околу 10:05 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на крстосницата на булеварот „Александар Македонски“ со улицата „Чеде Филиповски Даме“ во Радовиш, патничко возило „Опел“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Ј.А.(48) од село Коџалија, радовишко, удрило во лицето В.М. (76) од Радовиш кој што управувал електрична инвалидска количка.

Во несреќата В.М. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Радовиш.

Најнови вести од Хроника

To top