Како што објави на својот „Инстаграм“ профил, Серена одлучила да се впушти во нов деловен потфат, станувајќи еден од косопствениците на ВНБА тимот од Торонто.
Засега не се познати многу детали за степенот на косопственост на Серена во тимот, а главната причина за тоа е што Торонто Темпо сè уште не постои. Планот е да се формира тимот до 2026 година и потоа да се приклучи во најсилната женска кошаркарска лига, како прва екипа што ќе игра во ВНБА лигата иако географски не е дел од САД.
Структурите на клубот има задача да ја направи поранешната кошаркарка Моника Рајт Роџерс, која ќе биде прва жена генерален менаџер во историјата на тимот, а двократниот шампион на ВНБА ќе има задача да формира тим кој треба да се натпреварува следната сезона. Останува да се види дали Серена ќе се обиде да се „вмеша“ во спортските работи, бидејќи со богатото искуство на теренот секако би можела да придонесе за нејзиниот нов проект.
Познато е дека Торонто Темпо ќе игра во Кока-Кола Колосеум во Торонто, пред максимални 8.500 навивачи, а клупските бои ќе бидат бордо, сина, црна и бела. Прекарот на тимот од Торонто случајно излезе во јавноста, а за останатите детали ќе треба да почекаме уште неколку месеци. Се уште не се знае како ќе изгледаат дресовите, за чиј дизајн наводно ќе одлучува Вилијамс, кој ќе го води новиот тим од клупата или кои би можеле да бидат играчите на првиот канадски ВНБА тим.