Економија данок на луксуз

Оние кои имаат 5 стана и викендички ќе плаќаат дополнително од 50 до 250 денари пристап до мрежа

Доколку се прифатат барањата на енергетските компании цената на струјата од 1 јануари би се зголемила за 27 отсто. Од 1 јануари се воведува нова ставка пристап до мрежа која, како што рече претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, Марко Бислимоски ќе ја плаќаат само оние кои имаат 5 стана или викендички, а за сметка на тоа на редовните ппотрошувачи ќе им се намали мрежарината за 20 отсто. Со оглед на тоа дека мрежарината во вкупната цена на струјата учествува со 33 отсто доколку не се промени цената на струјата сметките на крајните потрошувачи ќе бидат пониски за 8 отсто.

Бислимовски соопшти дека рече дека почнуваат анализите за цената на струјата и до крајот на следната недела се очекува да се донесат цените за МЕПСО, МЕМО и Електродистрибуција.

-Дали и колку ќе има зголемување на цената на струјата ќе покажат деталните анализи. Сега влегуваме во процес во кој детално ќе се скенираат сите трошоци на овие три компании. Ќе бидат одобрени и прифатени само оние ставки што ќе овозможат стабилна и сигурна испорака само по принцип на домаѓинско работење. Ќе бидеме максимално транспарентни и нема да дозволиме граѓаните да почувствуваат ценовен шок, рече Бислимовски.

Во однос на воведувањето на пристап до мрежа, претседателот на РКЕ потенцираше дека тоа нема да биде нов трошок за потрошувачите и дека се ќе биде во рамки на одобрениот приход на компаниите.

– Никој нема да заработува пари од она што како цена ќе го определи РКЕ. Надоместокот ќе значи намалување на цената на мрежарината за 20 отсто на редовните потрошувачи. Оние кои имаат помала потрошувачка на струја, односно кои имаат 5 стана или викендици ќе плаќаат пристап до мрежа. Зар на некој што има пет стана му е проблем да плати плус 100 денари? Се прават анализи колку ќе биде оваа давачка, но ќе биде меѓу 50-250 денари, појасни Бислимоски и додаде дека досега не било фер редовните потрошувачи со еден стан да плаќаат повеќе.

Како што појаснија во РКЕ, со оваа нова ставка се врши правична распределба на трошоците. Оние домаќинства кои имаат приближно до просечната потрошувачка на струја – 407 киловат часови во зима и 286 киловат часови нема да имаат никаков трошок за пристап до мрежа. Тие што имаат викендички ќе го плаќаат овој трошок, бидејќи надоместокот за приклучок не ги покрива другите трошоци во мрежата.

Ппрофесорот Рубин Талески рече дека оваа нова ставка може да се нарече данок на луксуз, бидејќи ќе ја плаќаат само оние кои имаат викендички или станови во кои не живеат. Овие потрошувачи всушност ќе ја плаќаат привилегијата што ќе можат да користат струја еднаш во месецот, а мрежата мора да се одржува 12 месеци.

– Станува збор за порано употребуваниот фер принцип за сијалично место – пристап до мрежа. Практично, тоа значи дека најголем број потрошувачи ќе добијат пониски сметки за мрежарина, додека оние кои користат викендички ќе плаќаат за пристап до мрежа. Со оваа реформа ќе се закружи процесот на фер сметки и ќе се обезбеди правична распределба на трошоците меѓу оние кои редовно ја користат мрежата, од другите кои тоа го прават повремено, како во викендичките, или пак поради тоа што користат сопствено производство на струја од фотоволтаици, рече Талески.

Во месечната фактура, ќе има цена на електрична енергија и цена за мрежарината во која што влегува пренос и дистрибуција. Во сметките од 1 јануари во ставката за дистрибуција влегува и подставка пристап до мрежа.

To top